Шестнаесетгодишник од Калифорнија неодамна паднал на испитот за возачка дозвола, поради нешто што не го направил, туку поради моделот 3 на „Тесла“ во кој го полагал испитот.
Во разговорот со локалните медиуми, 16-годишниот Брус Розенблум кажал дека станува збор системот на регенеративно кочење на „Тесла“.
„На самиот почеток на тестот инструкторката ме предупреди дека автомобилот самиот од себе забавува, како на знак стоп. И ми кажа дека тоа се случило веќе два пати, пред воопшто да го напуштиме паркингот. Потоа продолживме со тестот. Направив сѐ што се бараше од мене, по што ми кажа дека сум паднал“ – изјавил Брус.
Иако системот на регенеративно кочење на „Тесла“ може да се оневозможи, на Брус не му било кажано да го деактивира системот.
Таткото на момчето, Нил поднел тужба против локалната канцеларија на авто-школата, а откако медиумите почнале да известуваат за таа приказна, одделението за теренски операции на авто-школата, му дало возачка дозвола на Брус.
За среќа, Брус, добил возачка дозвола, а авто-школата на својот персонал му издала насоки дека системот на регенеративно кочење повеќе не може да се користи како причина за оценување на грешки во возењето.