Здружението на европски производители на автомобили по вторпат го избра Оливер Ципсе за претседател
По повод повторниот избор за претседател на здружението на европски производители на автомобили, Оливер Ципсе (BMW) порачува дека „Автомобилската индустрија на ЕУ е светски технолошки лидер што ги користи своите иновативни капацитети за да понуди решенија против климатските промени.“
Одржливоста во спрега со задржувањето на конкурентноста во светски рамки остануваат главни водилки за старо-новиот претседател на автомобилската индустрија во Европа. Оливер Ципсе, претседател на управниот одбор на BMW Group, ќе биде прв човек на браншата и во 2022 година. Тој додава дека одржливоста и конкурентноста „можат дури и да си помагаат едно со друго, доколку тие се засноваат врз технолошка иновација.“
Ципсе ја води браншата во многу чувствителен период. ЕУ в година ќе постави клучни закони со коишто ќе се одредува иднината на автомобилската индустрија. Европската Комисија уште во текот на годинава постави бројни темели, со коишто законите се донесуваат во согласност со заштитата на животната средина и одржливоста.
В година следи ново ограничување на емисијата на СО2 од патничките автомобили идоставните возила. Претстои и поднесување предлог за закон со којшто ќе се пропишува изградба и развој на инфраструктура за алтернативни горива (AFIR). Со тие закони, сите членки на ЕУ ќе се обврзат да изградат соодветна мрежа од станици за полнење гориво, за којашто ќе се пропишува понатамошно ширење. В година ќе се решава и за новите СО2 стандарди за тешки товарни возила.
Ципсе коментира: „При поставувањето на таргетите за AFIR и за СО2 за возните паркови во 2022 година, националните влади и членките на Европскиот Парламент ќе донесат основни и далекусежни одлуки за транзиција во мобилност што е неутрална во поглед на климата.“
„Како индустрија, потребната технологија за возилата веќе ни е достапна. За да се обезбеди дека доволно голем број Европјани ќе ги купат тие возила во следните години, во голема мера зависи од тоа колку брзо и колку обемно ќе се шири инфрастуктурата низ цела ЕУ,“ продолжува претседателот на ACEA.
Целиот текст е на automedia.mk