Мобингот влијае на здравјето: Психолог објаснува како да препознаете дека сте жртва
Состојбата на злоупотреба во деловното опкружување остава долготрајни последици на психичкото и физичкото здравје на луѓето кои се изложени на вакво однесување од нивните надредени.
Мобингот како термин се врзува за малтретирање кое вработените го добиваат од надредените, а тоа однесување може да се експонира на различни начини и може да има различна должина на траење и интензитет. Од сето тоа, но и од карактерот на личноста на која се однесува мобингот зависи колку и како таквата состојбата ќе влијае на нашето психичко и физичко здравје.
Ова однесување на надредените е дефинирано и со закон, а во истото се објаснува дека мобингот се третира како злоставување на вработените.
Под мобинг се подразбира секое активно или пасивно однесување спрема вработениот или група вработени кое се повторува, а кое има за цел или претставува повреда на достоинството, угледот, личниот и професионален интегритет, здравјето, статусот на вработениот и однесување кое буди страв или предизвикува непријателско, понижувачко или навредливо опкружување, ги влошува условите за работа или придонесува вработениот да се изолира или на сопствена иницијатива да го прекине рааботниот однос или да го откаже договорот за работа.
Зборот „мобинг“ доаѓа од англискиот глагол „to mob“ што во превод значи гласна реакција.
Оваа состојба според психолозите остава долготрајни последици врз здравјето на луѓето кои се подложни на вакво однесување.
- Психологот Зоран Муштеровиќ за Телеграф објаснува дека последиците кои вработените може да ги имаат од мобингот во најголема мера завиосат од типот на личност врз која се прави мобингот.
- Како да забележите мобинг?
- Мобингот е најчесто прикриен и скоро никогаш не е директен. Се забележува во постојаното незадоволство и примедби на претпоставениот во однос на работата на вработените или на било кој начин да им се даде до знаење дека не се доволни добри за работата што ја работат.- објаснува Муштеровиќ. Жртвата постојано се прекинува во говорот, се одбиваат невербални контакти, се избегнуваат погледи ... Исто така жртвата на мобинг не се поканува на заеднички состаноци, при неформални дружби на колеги и слично
Под мобинг се мисли и на напади на личниот углед, се измислуваат приказни за жртвата и нејзиниот приватен живот, исмејување и негативни коментари за личните карактеристики.
Под тоа се подразбира и напади на професионалниот квалитет на жртвата, постојани критики при говори, навредување, претерана контрола, казнување, слабо оценување на работата и се одземаат средства за работа барајќи способности кои не ги поседува, се одредуваат кратки рокови и постојано и се менуваат работните задачи ...
Како што објаснуваат стручњаците покрај се ова во мобинг спаѓа и присилување на жртвите да обавуваат заадачи кои го нарушуваат нивното ментално и физичко здравје. Им се забранува одење на годишен одмор и користење на слободни денови... Во екстремни случаи жртвата е и сексуално злоставувања.
Кој најчесто страда?
- Силните личности некое време ќе го поднесуваат тоа, но во некој момент ќе реагираат и ќе бараат најдобро решение за себе. Тие се сигурни во себе и кога некој постојано ќе пробува да им ја наруши самодовербата ќе дадат отпор. Ќе реагираат така што ќе се побунат или ќе се здружат со други слични колеги и ќе го бараат најдоброто решение за нив или да најдат подобра работа и да ја напуштат фирмата. – објаснува психологот.
Тој додава дека тужби против надредените за мобинг најчесто поднесуваат силни личности кои имаат храброст да се спротистават на такво однесување.
Психологот Муштеровиќ истакнува дека проблемот е поголем кај луѓето кои се несигурни и не се доволни способни да се спротивстават на тие кои ги малтретираат на работа.
Ако подолго време се изложени на мобинг, некои луѓе може да имаат сериозни последици по здравјето - физички и психички. Физичките последици се манифестираат со чести главоболки, несоници, губење рамнотежа, срцеви тегоби, притисок во гради ... Психичките последици се најчесто нарушување на расположението како што се депресија, анксиозност, потреба за плачење, опсесивно размислување за проблемот, панични напади, социјално дистанцирање ... – наведува Муштеровиќ.
Луѓето кои се долго време изложени на мобинг неретко можат да бидат агресивни при комуницирање.
Крајната цел на мобингот е да се скрши вработениот и да се натера да прифати се што претпоставениот очекува од него без да помисли да даде отказ. Треба да се има на ум дека пасивните личности реагираат многу доцна, бидејќи често се во зона на рутината и се чувствуваат беспомошни, па со самото тоа повеќе и подолго трпат, а и почесто се разболуваат поради претрпените стресови. – истакнува психологот.
Исто така не е реткост луѓето кои се мобингувани да патат од депресивни пореметувања кои преминуваат во хронични и бараат сериозно лекување.
Некои европски и светски земји посветуваат огромно внимание во спречување, малтретирање на вработените затоа што во овој случај фирмите каде што е докажан мобингот над работниците треба да платат големи отштети. Португалија отиде чекор понатаму и забрани со закон вработените да се бараат по телефон по завршувањето на работното време.