За 10 денари ќе се намалат цените за паркирање на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ во Скопје.
До раководството на претпријатието бил доставен допис со цел да се изготви нов ценовник со намалување за 25 отсто на цените за паркирање. Како што стои во барањето, намалувањето на цените е резултат на промените кои се случуваат во градот, со цел да се подобри животот на граѓаните.
Директорот на ЈП „Градски паркинг“ вели дека дал налог на службите да изготват нов ценовник и до крајот на неделава ќе биде закажана седница на Управниот одбор, на која треба да биде усвоен новиот ценовник.
„За да биде заокружена цената ќе предложиме намалување за 10 денари на паркирањето односно за затворените паркинзи и во катните гаражи наместо 30 да биде 20 денари. На зонските паркинзи во зона А од 50 денари паркирањето ќе се намали на 40, во зона Б од 40 на зо денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе биде 20 денари наместо 30 како што е досега“, вели директорот.
ЈП „Градски паркинг“ лани во декември ги поскапе паркирањето за 5 денари. Тогаш од претпријатието објаснија дека новите цени се поради зголемените трошоци за одржување на паркинзите и катните гаражи со кои стопанисуваат.
Извор: sdk.mk