Специјализираната компанија за високо комплексни компоненти од алуминиум и алати ЛТХ Леарница, како странска инвестиција со над 500 вработени, е присутна во Македонија повеќе од 16 години. Од почетоците до денес, компанијата која оперира на површина од 9,600 м2 во индустриската зона во Охрид, бележи значаен технолошки раст и развој на процесите.
Вработување ХР Солутионс, за потребите на ЛТХ Леарница бара искусни кадри за позициите:
1. Технолог во одделот за Технологија на ЦНЦ обработни центри
(1 работно место – Охрид)
2. Електротехничар – енергетичар во оддржување
(1 работно место – Охрид)
- долгорочни и стабилни работни позиции
- конкурентен месечен надомест
- можност (преку развојни програми на кадри) за обуки во земјата, онлајн и во странство и едукација и размена на инженерски кадар низ цела групација
- Покриени трошоци за превоз до и од работа за над 3 км оддалеченост
- обезбеден е топол оброк
- приватно здравствено осигурување после 2 години континуирано работење
- и други поволности и бенефиции, согласно ЗРО и интерните политики на компанијата