Apple ќе го одложи враќањето на своите вработени во канцеларијата на неодредено време, додека на сите свои корпоративни и комерцијални вработени ќе им даде 1.000 долари за купување опрема за нивните домашни канцеларии.
Идејата, за која соопшти CNN, беше споделена со вработените во Apple во е-пошта од извршниот директор Тим Кук.
Потегот на гигантот од Силиконската долина доаѓа во време на зголемен број случаи на КОВИД-19 и загриженост за ширењето на варијантата „омикрон“. На почетокот на оваа недела, Apple повторно го воведе задолжителното носење маски во сите свои продавници во Соединетите држави, па дури и планира привремено да затвори некои од нив поради зголемениот број случаи.
Неколку компании, меѓу кои Google, Lyft, Uber и Amazon, исто така неколку пати го одложуваа отворањето на своите канцеларии.
На почетокот на пандемијата, Google и Facebook им понудија на своите вработени еднократен бонус од 1.000 долари за да им помогнат со трошоците за домашна опрема.