Сметките за струја од 1 јануари би се зголемиле за 38%, според првичните барања на енергетските компании, а не десет проценти како што најавуваа од владата
ЕВН - Електродистрибуција веќе доставила барање за 100% зголемување поради големите загуби во мрежа и високите берзански цени на струјата, што според претседателот на РКЕ Марко Бислимовски што би значело 34% зголемување на крајната сметка за струја. Се очекува да пристигне и барањето од МЕПСО, кои веќе најавија дека нивните пресметки покажуваат 60% поголеми трошоци, што би значело дополнителни зголемување од 4% на крајната сметка. Освен МЕПСО, се очкеува и барањето на ЕВН Хоум.
„Побарано е 100% пред се зголемени трошоци за загуби./Вкупно се 140 милиони евра заради надворешни влијанија, нема нови вработувања таму. И доколку се прифати 33 - 34% на крајна цена. / Доколку е така крајна цена дополнително 4%, значи без ЕВН 37-38% зголемување.“ изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.
РКЕ во текот на наредната недела ќе одлучува по барањата на енергетските компании, што и колку ќе прифати. Останува отворено прашањето и дали по Нова Година се уште ќе има дневна евтина тарифа. Бислимовски објаснува дека тоа ќе зависи од повеќе фактори и допрва ќе се анализира дали ќе се укине или не, со цел да нема дополнителен ценовен шок за домаќинствата.
Сепак, владата веќе се подготвува за поскапувањето. Планираат да ги помагаат најсиромашните 45.000 семејства со по 1.000 денари месечно.
Македонија западна во енергетска криза откако се намали домашното прозиводство на едвај 50% од потребите, а остатокот се надополнува со купување од светските берзи, на кои веќе еден мегаватчас се продава над 350 евра.
Во очекување на набавката на јаглед за РЕК Битола, за спас од енергетската криза државата во функција од денеска пробно го активира и ТЕЦ Неготино, кој 12 години беше ладната резерва во системот.