Деновиве Македонија и Балканот се завиени во снегови, дојде првиот снег во поголеми количини, зимската идила го пружа своето. Но не за секој е убав снегот, па така тој често претставува проблем и при коловозот но и во домовите, а од оваа ситуација се роди и бизнис.
Ова доведе до огласи за работни места за чистење снег што се појавуваат на сајтовите, објавени од сопственици на бизниси, фирми, дуќани, банки и трговски синџири и слично
Има и такви кои нудат услуги за отстранување на снегот. Според информациите од сајтовите во соседна Србија, човекот кој ја врши оваа работа може да стигне и до плата од 13.000 македонски денари.
Додека некои компании плаќаат машини- чистачи за снег на час, други ангажираат работници на кои им плаќаат дневници, а индивудалните работници се во поголем број.
„Обично еден час се плаќа од 150 до 300 денари. Кога постојано паѓа снег, повеќе им се исплати на фирмите кои ангажираат поединци и им плаќаат дневници.
Најголем дел од огласите за работното место чистачи на снег се однесуваат на студенти и млади без постојано вработување, на кои им е потребна заработка.
Во голем број огласи стои дека ова е работа е за тебе доколку си млад и имаш слободно време. Тоа е затоа што е напорна физичка работа на ниски температури, која најмногу ја прифаќаат младите од 18 до 26 години, кои студираат а немаат постојани примања.
Оние на кои не им пречи студот и многу минусни температури, можат да работат шест или повеќе часа дневно. Има и постари мажи кои го чистат снегот бидејќи им треба дополнителна заработка, но им е потешко издржувајќи го студот.
Доколку е потребно да се исчисти снегот на повеќе локации истовремено, потребно е ангажман на екипа. Овој тип на понуда може да се најде и на огласите.