Лицата кои ќе бидат помлади до 14 години никогаш нема да можат да купат цигари во Нов Зеланд.
Ова е дел од предлог - законот со цел да се намали бројот на продавачи на цигари и да се намали никотинот во сите производи.
Забраната ќе остане до крајот на животот на овие луѓе, што значи дека лицата кои во 2073 година ќе имаат 60 години нема да можат децении претходно да купат цигари, пренесува Ројтерс.
Сакаме да се осигураме дека младите никогаш нема да почнат да пушат, продажбата или набавкаа на производи од никотин ќе се смета за прекршок за наредните генерации, изјавила помошник министерката за здравство.
Во моментов 11,6 проценти од сите жители на Нов Зеланд постари од 15 години пушат цигари, додека овој процент кај староседелците е 29 отсто, покажале владините податоци.