„Апелираме до сите граѓани, корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од ковид-19 при користење на превозот, односно во автобус да носат заштитна маска.
Единствено со одговорно однесување на секој поединец, а имајќи предвид дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот”, пишува во соопштението од ЈСП.
Оттаму додаваат дека очекуваат нивниот апел да биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје.