Сликата што во последно време може да се забележи во населбите каде што има куќи и каде што секое домаќинство си има сопствена канта за отпад е неправилно складираното ѓубре, кое се „разлетува“ по улиците од камионите за собирање отпад.
Остатоците од храна, суви лисја, но и сето она ѓубре што има потреба да го исфрли едно домаќинство, а кое досега се „пакуваше“ во најлонските кеси што бесплатно или по некоја симболична цена се купуваа од маркетите, сега, по забраната за употреба и продажба на најлoнски кеси, се складира директно во садовите за отпад. Иако повеќето граѓани сега купуваат кеси за отпад во кои го складираат насобраното ѓубре и така го исфрлаат во индивидуалните канти за ѓубре или во контејнерите, сепак има и такви што во обид да „заштедат“, ѓубрето го исфрлаат директно во кантите за смет. Притоа не се води грижа што половина од него се истура околу кантата, ниту за дополнителните проблеми што можат да им ги создадат на комуналците кои го собираат отпадо
Како последица на тоа, сликата што во последно време може да се забележи во населбите каде што има куќи и каде што секое домаќинство си има сопствена канта за отпад е неправилно складираното ѓубре што се „разлетува“ по улиците од камионите за собирање отпад.
Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека сѐ уште е рано за да се извлече конкретен заклучок околу тоа дали забраната за продажба на кеси дополнително ќе им ја усложни работата за собирање отпад од домаќинствата на нивните вработени.
-Во моментов е сè уште рано да се увиди дали и на кој начин поскапувањето на пластичните кеси ќе се одрази врз начинот на одложување на комуналниот отпад од страна на граѓаните. ЈП „Комунална хигиена“ ќе ја следи состојбата на терен, по што ќе излеземе со став дали новите законски уредби што се однесуваат на употребата на пластичните кеси влијаат врз собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје – објаснуваат од претпријатието.
Според надлежните од ова јавно комунално претпријатие, покрај овој проблем со начинот на складирање на отпадот во домаќинствата по забраната за продажба на најлонски кеси, на терен ќе се следи и состојбата околу тоа дали забраната ќе придонесе и кон намалено исфрлање на пластични кеси.
-При реализирањето на секундарната селекција на комуналниот отпад којашто се одвива во центрите за селекција на отпадот при ЈП „Комунална хигиена“, сè уште не е забележано значајно намалување на исфрлените пластични кеси од страна на жителите на Градот Скопје – додаваат од ЈП „Комунална хигиена“.
Колку за потсетување, пластичните кеси се наплатуваат 15 денари од 1 декември годинава, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи што ја загадуваат околината.
Извор: slobodenpecat.mk