Европската комисија денеска донесе регулатива за важност на ковид-сертификатите во период од девет месеци, односно точно 270 дена од примарната вакцинација
Под примарна вакцинација се подразбира вакцинација со две дози од „Астразенека“, „Фајзер“ или „Модерна“ или една доза „Џонсон и Џонсон“.
Новата регулатива ќе биде обврзувачка за 27 земји-членки од први февруари, соопштија официјални лица.
Регулативата ќе ја замени необврзувачката препорака на Европската комисија од ноември.
Така, врз основа на оваа одлука, земјите-членки на ЕУ ќе мора да дозволат пристап само на патниците кои ги примиле пропишаните дози.
Исклучок ќе биде влошување на состојбата, кога ќе можат да се воведат дополнителни ограничувања како карантин или негативни тестови.
Новите правила, според агенцијата „Ројтерс“, се однесуваат само за меѓународни патувања.
Владите на секоја земја-членка на ЕУ ќе може да одредат свое времетраење на ковид-сертификатите што се користат за влез на настани на територијата на тие држави, пренесе „Ројтерс“.
Неколку земји, како Италија, Грција и Португалија, сега бараат од целосно вакцинираните патници бараат и негативни тестови.
Со примена бустер доза од вакцината, важноста на ковид-сертификатите засега ќе биде без временско ограничување, со оглед на тоа што сè уште нема доволно информации за времетраењето на заштитата што ја обезбедува бустер дозата, изјавиле официјални претставници за „Ројтерс“.