Едно од сценаријата што може најмногу да ве изнервираат во врска со барањето работа е кога аплицирате за вистинското работно место, имате одлични квалификации, но не добивате понуда.
Стигнувате до последниот „круг“ од разговорите, но сепак вработуваат некој друг што повеќе им „одговара“.
Квалификувани сте, но досадни
Кога размислувате за вашето прво интервју, мислите дека било добро. Сте имале разумен одговор на секое прашање и не сте направиле поголеми грешки. За жал, тоа не е доволно за да се добие понуда за работа.
Менаџерите што вработуваат обично водат неколку интервјуа дневно. Иако имате добри квалификации, ќе имате тежок пат до понудата ако тој мора да гледа во бележникот за воопшто да се сети. Како да го поправите тоа?
Најдобриот начин за да се поврзете со менаџерот е да вежбате. Немојте да вежбате само што ќе кажете, туку и како ќе го кажете нештото.
Квалификувани сте, но немате доволно вештини потребни за интервју
Постојат луѓе што се многу паметни, но лоши на тестовите, стануваат нервозни и истото им се случува на интервјуата за работа.
Може да се случи да ги имате потребните квалификации за работа, но кога ќе седнете пред менаџерот, се буните. Можеби во она што го зборувате изгледате како да не сте тимски играч. Можеби поставувате такви прашања што се чини дека не сте истражувале доволно. Можеби не сте поставиле прашања или не сте се заблагодариле, а тоа е потребно.
Можеби не е фер тоа што морате да играте по правилата, ако сте доволно искусни. Но вистината е дека морате. Првиот чекор е да дознаете повеќе за менаџерот.
Можете да прочитате водичи за интервју. Признајте си себеси со кое прашање имате проблем. Кога ќе сфатите што ве кочи, поправете го тоа. Пронајдете некој што ќе ви помогне.
Квалификувани сте, но очајни
Кога ќе ве прашаат зошто ја сакате работата, вие ја кажувате вистината, целата вистина. Можеби ќе речете дека тоа е компанија од вашите соништа. Можеби ќе кажете дека ќе работите што било само за да ја променете моменталната работа.
Искреноста не е секогаш најдобра во тој дел.
Како и со сѐ друго, може да бидете премногу искрени. Може да покажете страст кон компанијата и притоа да давате смислени одговори без претерување. Би требало секојпат кога ќе кажете нешто дека ви се допаѓа во врска со компанијата, да додадете еден начин како би ѝ помогнале, би ја поддржале.
fakulteti.mk