Техниката се одвива за време на состојбата на лесен сон, односно фазата помеѓу будењето и спиењето, кога можеме да сонуваме, но во исто време и да ги слушаме звуците што допираат до нас. Притоа, важно е да не навлеземе во состојба на длабок сон. Дали и Едисон кога се обидувале да се одморат, земале лажица в рака и ја држеле на работ од креветот. Во моментот пред да заспијат, приборот би паднал на подот, па така тие би се разбудиле.
Група истражувачи одлучиле да проверат дали техниката е навистина ефикасна. Повеќе од 100 учесници биле поделени во два тима, од кои едниот тим имал време да се одмори, а другиот не. Целта било да се открие дали луѓето биле покреативни и попродуктивни после одмор.
Сепак, тешко е да се измери креативноста, па така истражувачите им дале математичка задача на луѓето за која била потребна снаодливост и размислување „надвор од кутијата“ бидејќи решението се криело во прашањето. Од сите испитаници кои немале време за одмор, само 30% ја решиле задачата, додека од оние кои биле на краток одмор дури 83% успешно ја решиле задачата. Според тоа, може да се заклучи дека техниката функционира. Важно е само да не навлеземе во состојба на длабок сон затоа што во тој случај ефектот е послаб.