Јавното претпријатие за државни патишта преку јавен оглас бара да вработи 14 инкасанти за наплата на патарина, во Одделението за наплата на патарина и контрола, во Секторот за оддржување, заштита на патишта и наплата на патарина со исполнување на следните услови:
- Средна стручна спрема - најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование
- Работно искуство - со или без работно искуство во струката
- Работното време е распоредено во две смени и трае 12 часа
- Дневното работно време од 07, 00 часот до 19, 00 часот и од 19, 00 до 07, 00 часот
- Работа на празник и работа ноќе
- Неделното работно време изнесува 40 часа
- Основната плата изнесува 19.760, 00 денари
Покрај гореневедените посебни услови, предвидени со Правилникот за систематизација на работни места во Јавното претпријатие за државни патишта бр. 0211513/1 од 29. 1 1. 2017 годинаиброј 024102/1 од 02. 04. 2018 година, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување на работници согласно Законот за работните односи.
Кон пријавата заинтересираните кандидати треба да достават:
- Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
- Уверение / диплома за завршен степен на образование,
- уверение за државјанство.