Во периодот јуни – септември годинава, во земјава имаше 142 шумски пожари од кои беа зафатени 11.420 хектари површината под шума.
Опожарената дрвна маса во шумите изнесува 482.106 кубни метри, а износот на проценетата материјална штета е 2 318 091 000 денари, покажува статистичкото истражување што го спроведе Државниот завод за статистика во соработка со ЈП „Национални шуми“.
Целта на истражувањето, велат од ДЗС, е да се обезбедат сознанија за големината и штетата од пожарите што ја зафатија Северна Македонија изминатото лето.
Од вкупните штети од пожарите најмногу беа зафатени шумите од мешаните насади, кои учествуваа со 52,2 отсто, шумите од листопадни видови со 30,2 проценти, шумите од иглолисни видови со 10,1 отсто, додека приземната вегетација учествуваше со 7,4 проценти.