TikTok стана најпопуларна веб-страница во светот во 2021 година, надминувајќи го дури и Google, според податоците објавени од Cloudflare.
Компанијата за мрежна безбедност Cloudflare објави дека TikTok, социјалната мрежа во сопственост на кинеската компанија ByteDance, за прв пат го достигна врвот на 17 февруари, но тогаѓ само за еден ден.
TikTok целосно завладеа во октомври и ноември, вклучително и за американскиот празник Денот на благодарноста и „Црниот петок“. Трендот продолжи и во декември.
Минатата година, tiktok.com беше седми најпопуларен интернет домен, што претставува значително зголемување на популарноста во изминатата година.
Останатите десет најпопуларни домени се Facebook, Microsoft, Apple, Amazon, YouTube, Twitter и WhatsApp.
TikTok беше и најпопуларната социјална мрежа оваа година, надминувајќи го Facebook.
Зад нив се YouTube, Twitter и Instagram, а потоа следуваат Snapchat, Reddit, Pinterest, LinkedIn и Quora.
Податоците на Cloudflare, исто така, покажуваат дека Netflix и YouTube беа двете најпопуларни страници за стриминг во 2021 година, а HBO Max се најде на третото место, престигнувајќи го Hulu, кој е во мнозинска сопственост на Disney.