По добиеното известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух, квалитетот на воздухот два дена е надминат над законски пропишаниот минимум, при што за таа цел, прогласени се неколку мерки од прв степен меѓу кои и бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните сопственици.
Освен бесплатниот јавен превоз, мерките и препораките на Град Скопје се и јакнење на инспекциските надзори, да се ограничуваат градежните работи и дае се воведе посилна контрола на градилиштата, автошколите да имаат обуки од 9,30 до 14,30 и по 18,00 часот, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се одложат или откажат јавни настани на отворено и друго.
„ Овие мерки ќе бидат во сила се додека не се намали загадувањето под прагот за алармирање, односно под 100 микрограми на кубен метар“, соопштија од Градот.
Извор: jsp.com.mk

.jpg)