Постои многу добра причина зошто е тешко да се одржува контакт со очите со соговорникот за време на разговорот, тврдат научниците од Универзитетот во Кјото
Накратко, нашиот мозок не успева истовремено да се справи со задачата да размислува за изборот на вистинските зборови и да остане совршено фокусиран на лицето на соговорникот. Ова е особено забележливо кога некој се обидува да изговори помалку познати зборови.
Научниците во Кјото тестирале 26 доброволци. Тие, меѓу другото, морале да си играат асоцијација со зборови и истовремено да гледаат во компјутерски генерирани слики. Се воспоставило дека, во обид да одржат контакт со очите со сликите, добиле многу потешкотии. Резултатите од оваа студија беа објавени во списанието Cognition.
„Иако се чини дека контактот со очи и вербалнато процесирање не зависат толку едно од друго, луѓето често го тргаат погледот од соговорниците за време на разговорите, што укажува на тоа дека двата процеса се испреплетени“, велат јапонските научници.
На испитаниците им требало многу повеќе време да се сетат на некој збор додека го гледаат соговорникот во очи, но само кога станува збор за некој покомплициран збор. Двоумењето во изговорот на зборот сугерира дека мозокот е принуден да се справува со многу информации во исто време.
Како пример за едноставен збор, научниците го наведоа зборот „нож“, а како пример за комплициран збор - „папка“.
Иако бројот на испитаници во студијата е прилично мал, хипотезата беше интересна. Јапонските научници потсетија дека ова не е единственото истражување кое покажало дека фокусираниот контакт со очите малку го збунува мозокот.
Се чини дека причината за сè е процес наречен невролошка адаптација, при што мозокот постепено го менува својот одговор на стимул што не се менува. Слично како кога, на пример, ја ставате раката на масата и на почетокот ја чувствувате, но чувството слабее додека ја држите раката таму.
Накратко, ако некој не ве гледа постојано во очи за време на разговор, тоа не мора да значи дека е непристојност – можеби неговиот когнитивен систем е преоптеретен.