Цените на златото беа под притисок минатата година, па за некои аналитичари, но и инвеститори, биткоинот ја презеде улогата на заштитник на вредноста од почетокот на кризата со коронавирусот.
Сепак, златото би можело да тестира нови врвови од 2.100 долари за унца оваа година, велат некои аналитичари. Слабоста на американскиот долар и инфлацијата се некои од факторите кои веројатно ќе ги зголемат цените на благородните метали, вели Дејвид Ленокс, аналитичар на пазарите на стоки во Fat Prophets за CNBC, објави Tportal.
„Мислам дека во 2022 година ќе видиме како цените на златото се тестираат на рекордно ниво“, рече тој.
Цените на златото се затворија на рекордни 2.063 долари во август 2020 година, додека во четвртокот се тргуваше за околу 1.814 долари за унца.
Геополитичките тензии меѓу големите воени сили, исто така, би можеле да ги зголемат цените на златото порано од очекуваното, рече Ленокс.
Конкретно, посилно руско воено присуство долж границата со Украина, а тоа е „точка на фокус во која брзо може да се претвори во нешто катастрофално“, рече тој.
„Доколку тоа се случи, тогаш ќе видиме како цената на златото реагира доста значајно, а целната цена од 2.100 долари за унца веројатно би била достигната уште порано отколку што очекуваме“, заклучи тој.