Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 89/2018
за вработување на 3 државни службеници од група I, подгрупа I во Министерство за правда - Биро за судски вештачења за следните работни места:
Помлад соработник за поддршка при материјално-сметководствени вештачења
Референт – Архивар
Помлад соработник за административно-оперативна поддршка на директорот