РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје објавува
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
во СКОПЈЕ
Ризико Осигурување АД Скопје е акционерско Друштво кое има дозвола за работа од Агенцијата за супервизија на осигурување за вршување осигурително брокерски работи.
Друштвото нуди можност за вработување на работна позиција лиценциран осигурителен брокер (без искуство);
Опис на работните задачи:
- изготвување на анализа на ризик и предлагање на соодветно осигурително покритие;
- обезбедување понуди од компании, компарирање на понудите и запознавање на осигуреникот со условите на истите;
- изработка на осигурителни полиси и припрема на документација во врска со пријава на штети;
- укажување на помош на осигуреникот во текот на важењето на договорот за осигурување, како пред, така и по настанувањето на осигуран штетен настан;
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
- поседување на лиценца за осигурителен брокер, издадена од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување;
- завршено високо / средно образование (предност ќе се смета образование од областа на осигурување или економски науки);
- посветеност, прецизност, одговорност, способност за аналитичко размислување;
- комуникациски и продажни вештини;
- познавање на англиски јазик;
- познавање на соодветни програмски алатки (MS Office);
- претходно искуство не е неопходно
Нудиме
- обука за продажба од професионалци и понатамошно усовршување;
- фиксна плата;
- дополнителна можност за заработувачка преку месечни и квартални бонус програми, базирана на лични перформанси;
- работно место во Скопје
Работно време: 40 часа неделно.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите наведени во огласот треба да достават своја кратка биографија (CV), мотивационо писмо и доказ за поседување на лиценца за осигурителен брокер - најдоцна до 15.07.2018 година на нашата e-mail адреса: riziko@riziko.mk.