Не е важно каква работа работите: стресот влијае на сите подеднакво
Бројни истражувања покажуваат дека денес двојно повеќе луѓе сметаат дека нивната работа е „екстремно стресна“, споредувајќи ја со работата што ја работеле пред десет години. Повеќето од нив размислуваат и за напуштање на работата што им предизвикува премногу стрес, а многумина и го прават тоа.
Многу луѓе се жалат дека нивната работа е премногу стресна и дека овој стрес им предизвикува здравствени проблеми, вклучувајќи висок крвен притисок, нарушувања во спиењето, болки во грбот итн. Стресот може да игра голема улога и за кардиоваскуларни болести, па дури и за срцев удар. Стресот може да го зголеми крвниот притисок, да го зголеми нивото на холестерол, да предизвика срцеви аритмии и слично.
Ако се чувствувате дека сте изложени на стрес на работа, имајте на ум неколку работи:
- Наспијте се добро - истражувањата покажуваат дека недостатокот на сон придонесува за стрес. Ќе се чувствувате подобро на работа доколку не сте уморни и исцрпени.
- Појадувајте - дури и ако тоа значи дека треба да станете половина час порано, важно е денот да го започнете со богат и здрав оброк.
- Вежбајте – следниот пат кога ќе се почувствувате под стрес, обидете се да се опуштите со вежбање. На пример: одете на кратка прошетка, направете кратка вежба за истегнување на рацете и нозете, џогирајте на лице место или неколку минути на свеж воздух - ќе се чувствувате многу подобро.
- Размислувајте позитивно - најважно е како се чувствувате и како се поставувате кон работите. Само вие можете да го контролирате вашето однесување. Обидете се, колку што е можно повеќе да размислувате позитивно за да го оддалечите стресот од вашето секојдневие.
- Не се замарајте со ситници - научете ја разликата помеѓу она што е навистина важно во вашиот живот и многу проблеми едноставно ќе исчезнат.
- Опуштете се - вдишете длабоко и ослободете ја напнатоста. Читајте книги, гледајте комедии или одете на лежерна прошетка. Наскоро ќе видите дека вашите проблеми, предизвикани од стрес, се минато.
- Игнорирајте ги стресните ситуации - не се заплеткувајте во туѓи проблеми и стресни ситуации. Имате доволно ваши стресови.
- Научете да управувате со вашето време - многу луѓе се под стрес затоа што не можат да ја завршат целата работа на време. Погледнете го вашиот распоред и споделете ги приоритетите.
- Научете да се справувате со конфликтни ситуации - бидете ладни и обидете се да останете смирени. Стресот се јавува кога напнатоста расте.
- Хранете се здраво – престанете да јадете брза и нездрава храна и вашето тело полесно ќе се справи со стресот. Земете овошје наместо чипс.
- Научете да ги изразувате своите чувства - разговорот со пријател или близок колега за тоа како се чувствувате е добар начин да се справите со стресот. Не држете ги вашите проблеми длабоко заклучени.