Надлежните, напротив, уште повеќе го олеснија протоколот бидејќи беше комплициран, на што се пожалија и професорите.
Според Министерството, 38 отсто од наставниците во основните училишта и 23 отсто од наставниците во средните училишта излегоа на штрајк.
Поради изразеното незадоволство, претставниците на штрајкувачите во четвртокот вечерта беа примени од премиерот Жан Катекс, а на состанокот преку видеоконференција учествуваа и министерот за образование, Жан-Мишел Бланш, и министерот за здравство, Оливие Веран, кој денеска соопшти дека е заразен од коронавирус.
извор: www.novamakedonija.com.mk

.jpg)