И во Германија постои јаз во висината на платите од исток на запад, но тој јаз се намалува.
Работниците во поранешната источна комунистичка Германија во просек заработуваат повеќе стотици евра месечно помалку отколку нивините колеги на западот. Бруто заработувачката за вработените со полно работно време во западните сојузни покраини и во Берлин, во просек изнесувала 4.237 евра месечно во третиот квартал лани. Во петте источни сојузни покраини, сумата била 3.442 евра. Има големи разлики не само меѓу регионите, туку и меѓу секторите, како и меѓу заработувачкаа меѓу мажите и жените.
Неодамна е објавена листа на професии и платите во Германија.
Балканците последните години најчесто се иселуваат во Германија.