Ние соработуваме со луѓе кои ги сакаме. Директорот на компанијата сеуште ги креира сите производи и не прави компромиси кога станува збор за квалитет. Марк Константин и неговиот син Сајмон ги креираат сите мириси со користење на најубавите состојки кои ги има во познатиот за нас универзум. Ние најверојатно сме единствената компанија која употребува вистинско етерично масло од јасмин (кое е поскапо од злато). Сите Lush производи сé уште се прават рачно, а кога се зголемува производството ние вработуваме повеќе луѓе а не машини. Ние сеуште се држиме до нашата првична цел и наместо да се чувствуваме како голема компанија ние го задржавме чувството на малите компании и сеуште работиме сите заедно. Сепак секогаш ќе го препознаете Lush по квалитетот на состојките по свежината и непогрешливиот мирис на стотици етерични масла.
Денес имаме на 800 продавници во 50 земји во целиот свет. Бидејќи ние се држиме до она во што веруваме, се надеваме дека Lush ќе продолжи да расте, но секогаш ќе го задржи своето срце и душа. За потребите на нашиот LUSH тим во Македонија имаме потреба да вработиме:
АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА
кликнете на позицијата за да дознаете нешто повеќе
- Минимум завршено средно образование
- Со или без претходно работно искуство на иста или слична позиција
- Плата: 20.000 ден + бонуси

