Вработување ХР Солутионс, за потребите на клиент - модерна и извозно ориентирана компанија, со дејност производство и извоз на производи од феролегури бара:
РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЕКОЛОГИЈА
како исклучително значајно работно место со одговорност за надгледување на еколошките перформанси во компанијата, како и за развивање, спроведување и следење на стратегии за животна средина кои промовираат одржлив развој. Тој го советува менаџментот на компанијата како да го минимизираат влијанието на фабриката врз животната средина и, во некои случаи, да го надгледуваат спроведувањето на стратегиите за намалување на влијанието. Тие обично развиваат, а потоа го мерат успехот на процедурите за управување со отпад, обновливи извори на енергија, рециклирање, намалување на загадувањето и спречување на загадувањето.
Компанијата нуди:
- плата до 30.000 денари
- обезбеден оброк
- стабилна работа во странска компанија во канцеларија и на терен со редовно работно време од 40 часа неделно само во прва смена
- конкурентна средина
- потенцијал за раст
Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:
- Завршено високо образование – преферирани некои од следните: Дипломиран инженер за екологија / Хемиски инженер / Машински инженер / Металуршки инженер / Технолошки инженер
- Претходно работно искуство 5 години во струката на иста или сродна позиција
- Познавање на соодветни регулативи, легислативи, прописи и процедури од областа на животна средина и екологија
- Работно користење на MS Office пакетот и англиски јазик
- Поседување на возачка дозвола Б категорија – активен возач
- Напредни комуникациски, организациски и планирачки способности.
Главни одговорности и обврски: - Учество во нормативно изготвување на интерни акти
- Организира потребни мерења и анализи на заштитата на животната средина
- Идентификување, проценка и елиминирање на ризици по загадување на животна средина
- Подготвува планови и програми за заштита на животната средина на ниво на цела компанија и за работа на одделот
- Учествува советодавно при изработка на проекти за адаптација, реконструкција или изградба на нови објекти во компанијата
- Организира и врши контрола на еколошката состојба на локација во компанијата согласно барањата од Законот за животна средина
- Учествува во развој на соодветни програми и организира обуки за вработените
- Работи на создавање на системи за еколошки информации и нивно пренесување на сите нивоа на вработени во компанијата
- Изработува целокупно потребна документација во доменот и редовни извештаи
- Врши комуникација со инспекторите и сите служби во ресорното Министерство.
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата Биографија на regrutacija@vrabotuvanje.com.mk, апликациите ќе се прифаќаат до 01.02.2022.