Најскапиот метар квадратен станбен простор, во последниот квартал од 2021 година, е продаден во Белград на вода и изнесува 10.068 евра, соопшти Републичкиот геодетски завод.
Така, во општина Савски Венац, според Извештајот за состојбата на пазарот на недвижности за последниот квартал од 2021 година е остварена највисока цена.
Потоа следи Врачар со највисока цена од 3.937 за метар квадратен, во нова зграда.
Кога станува збор за нови станбени комплекси, по Белград на вода, највисока цена има уште еден новобелградски станбен блок, од 3.680 евра за метар квадратен, што беше и највисоката цена постигната во Нов Белград.