Со тесно мнозинство од триесетина гласови во Европскиот парламент изгласана е забраната за преземање податоци на граѓаните заради рекламирање на Интернет.
Благодарение на тоа што рекламите повеќе нема да не следат, ќе ни биде овозможен квалитетен пристап до страницата дури и ако не прифаќаме таканаречени „колачиња“.
Хрватската европратеничка Билјана Борзан имаше посебна причина за славење затоа што беа усвоени нејзините предлози кои ги достави со колегите социјалисти за забрана на рекламите што не следат на Интернет.
„Интернетот стана Див Запад. Секој може погрешно да се претставува, секој може секого да следи, да му ги земе податоците, да изневерува и финансиски да оштети без последици. Затоа е крајно време да се промени 22-години стариот закон за дигитални услуги и да се заштитат корисниците на Интернет од самоволието на големите платформи како Facebook, Google или YouTube“, истакнува Борзан за порталот Poslovni.hr и вели дека дури 98,5 отсто од приходите на Facebook/Meta и 83,3 отсто од приходите на Google се генерирани преку рекламирање.
Таа напоменува дека и покрај лобирањето на интернет гигантите, тие ја прошириле забраната за вакво рекламирање од малолетници на сите граѓани.
Ваквите реклами и следење може лесно да се исклучат, а „ранливите“ групи веднаш ќе бидат забранети.
„Многу луѓе беа измамени на Интернет. На пример, купиле нешто преку оглас кој се појавил на Фејсбук и им бил даден производ кој воопшто не изгледа така. Во такви ситуации Facebook не би преземал одговорност или корисникот не би можел да стапи во контакт со нив, а сега ќе биде задолжително да се проверат сите компании кои се рекламираат таму и да се создаде квалитетна услуга за поплаки на корисниците“, заклучи европратеникот.
Што се „колачиња“?
„Колачињата“, сами по себе, се сосема безопасни. Сепак, некои веб-страни ги користат за следење на корисниците додека пребаруваат на Интернет, собираат лични информации и честопати тајно ги пренесуваат тие информации на други веб-страни без дозвола или предупредување.
Колачињата содржат мала количина на податоци специфични за одредена веб-страна и служат на веб-серверот и прелистувачот за пристап до веб-страната. Ова му овозможува на серверот да испорача веб-страница погодна за корисниците. Самата страница може да содржи скрипта што ги знае податоците од „колачето“ и може да пренесува информации од една посета на страницата на друга.
Современите интернет прелистувачи поддржуваат „колачиња“, но исто така им овозможуваат на корисниците да ги оневозможат доколку се загрижени за нивната приватност.
Опции за поставување „колачиња“ на страницата
Најчестите опции за контролирање на „колачињата“ се: поставување „колачиња“ така што тие секогаш да бидат блокирани или секогаш прифатени.
- „Cookie manager“, кој им овозможува на корисниците селективно бришење колачиња.
- Истовремено бришење на „колачињата“, лозинките и другите податоци од прелистувачот.
- Оневозможувањето на сите колачиња значително ја намалува функционалноста на веб-страниците.
- Во зависност од прелистувачот што го користите, можете да ги „сетирате“ колачињата.