Вредноста на биткоинот драстично падна во последните денови.
Како што објави вчера Ројтерс, инвеститорите почнаа масовно да ги продаваат ризичните средства.
Сепак, најголемата криптовалута полека застанува на нозе и синоќа порасна за 5,6 отсто. Ова ја зголеми вредноста на валутата на 37.183 долари. Сепак, тргувањето со криптовалути станува сè понеизвесно и нестабилно.
Вредноста на етереумот падна на само 2176 долари. Најниска во последните два квартали.
Падот не треба премногу да ги изненади крипто ентузијастите. Ова е осми пат од 2009 година вредноста да падне за повеќе од 50 отсто, пишува The Wall Street Journal.
Биткоинот и етерот заедно се на само 45% од нивната рекордна вредност во текот на изминатата година. Биткоинот во ноември вредеше 69.000 долари, а моменталната вредност е 37.000 долари, со вчерашниот раст од 6 отсто.
Криптовалутите се движат во тандем со акциите кои продолжија да паѓаат од почетокот на годината и штотуку излегоа од својата најлоша недела во последната година. Инвеститорите продаваа ризични средства како што се акциите на технолошките компании, како подготовка за заострената монетарна политика на Федералните резерви, пишува CNBC.
Земјите се повеќе се креваат против употребата на криптовалути, а Русија неодамна предложи забрана за нивно ископување.