Американската компанија за произведување на паметни телефони „Епл“ повторно има најголем број продадени производи во Кина. Шест години откако го изгуби првото место, компанијата сега го стави ривалот „Виво“ на втората позиција на листата.
Се верува дека американските санкции сериозно го погодуваат националниот шампион „Хуавеј“.
И покрај намалениот пазар во Кина, „Епл“ го зголеми својот пазарен удел за телефони на 23 отсто во периодот од октомври до декември, според пазарниот аналитичар „Кантерпоинт“.
Пред една година, „Епл“ беше на четвртото место на тој пазар со 16 отсто пазарен удел, а најгоре на листата се наоѓаше „Хуавеј“ со 23 отсто.
За првпат од 2015 година, „Епл“ ја враќа титулата лидер во продажба на паметни телефони во оваа азиска земја. Во студијата не се наведува бројот на продадени уреди.