Бензините повторно поскапеа за македонските граѓани и сега достигнаа европски цени, со единствена разлика што Македонија нема европски стандард.
Бензините повторно поскапеа за македонските граѓани и сега достигнаа европски цени, со единствена разлика што Македонија нема европски стандард.
Денеска граѓаните за ЕУРОСУПЕР БС – 95 плаќаат 79,5 денари, за ЕУРОСУПЕР БС – 98 плаќаат 81,5 денари за литар. Ако овие цени се претворат во евра бензинот од 95 октани е 1,292 евра, а на 98-мицата е 1,325 денари, додека пак литар дизел чини 71,5 денари или 1,162 евра.
За споредба во Бугарија литар бензин 95 чини 1,19 евра, а бензинот од 98 октани е 1,38 евра, додека литар дизел чини 1,12 евра.
Во Хрватска 95-ката е 1,51 евра, 98-мицата е 0,26 евра, а дизелот 1,5 евра.
Во Србија бензинот од 95 октани е 1,44 евра, од 98 октани е 1,53 евра, а дизелот е 1,52 евра
Во Словенија литар бензин 95 е 1,385 евра, 98 е 1,575 евра а дизелот чини 1,475 евра.
Од Црна Гора последниот податок е од 12 јануари – литар бензин 85 е 1,420 евра, 98-мицата е 1,390 евра, а литар дизел е 1,280 евра.
Од соседните земји најевтино е горивото во Косово и во Албанија. Така, во Косово бензинот и дизелот чинат по едно евро, додека во Албанија 95-ката е 1,20 евра, а литар дизел се продава за 1,16 евра.
Во Турција бензините се далеку поевтини а таму литар 95- ка е 0,94 евра, 98-мицата е 0,98 евра додека литар дизел е 0,96 евра.
Во Австрија литар 95-ка е 1,418 евра, бензинот од 98 октани е 1,420, а дизелот 1,408 евра.
Бензинот е поевтин во Унгарија каде 95 е 1,329, а дизелот 1,322 евра. Во Романија на 26 јануари литар бензинот од 95 октани чини 1,29 евра, 98-мицата е 1,31 евра, а дизелот 1,29 евра.