Највозрасните, кои и најчесто се разболуваат, не можат да си дозволат поквалитетни лекови, затоа што немаат пари да ги платат. Такви се над 230 илјади пензионери, кои месечно живеат со 16.000 денари.. Од нив, речиси 90.000 земаат пензија до 11.000 денари.
Затоа Сојузот на пензионери доставиле барање за ревидирање на листата уште пред две годни, но засега нема епилог.
Нашиот корисник ќе оди кај матичниот, кој ќе му даде поквалитетен лек, но во аптека, тој лек треба да се доплати..Тука е тој проблем... Ќе се залагаме таа листа да се нивелира, да биде со поквалитени лекови, престедателката на Сојузот на пензионери..
Листата не лекови кои ги покрива државата е стара 15 години. Последен пат е дополнета во 2015 та година. За разлика од кај нас, во соседните земји, се ревидира скоро секој месец. Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување, каде се предвидува прошируавање на листатата со нови генерации лекови е доставен до Собранието уште во 2019-та.
Сега, покрај пензионерите, голем дел од пациентите немаат можност да се лекуваат со современи лекови или пак се принудени сами да си ги купуваат. Инаку, правото на лекување на секој граѓанин е загарантирано со Устав.
извор: sitel.com.mk