Месото стана луксуз. Од месарниците најавуваат дека откако ќе се одмрзнат цените, месото повторно ќе поскапи. Освен на пилешкото кое од јули до сега од 120 стигна до 190 денари за килограм, ќе расте и цената на свинското и на јунешкото, кое сега се продава по 500 денари за килограм. Во моментов, еден килограм свинско прва категорија чини 330 денари, а претходно беше 290 денари за килограм, јунешкото од 390 е качено на 510 денари, а поскапени се и смесите за плескавици и за ќебапи по 20 до 30 денари за килограм
Откако ќе престане да важи одлуката за замрзнати цените на основните прехранбени производи, месото повторно ќе се качи. Освен на пилешкото кое од јули до сега од 120 стигна до 190 денари за килограм, ќе расте и цената на свинското и онаа на јунешкото, кое сега се продава по 500 денари за килограм. И од месарниците потврдуваат дека цената на месото е зголемена и оти уште ќе расте. Најмногу е поскапено јунешкото, а зголемена е цената и на пилешкото и на свинското. Засега, по стара цена се продава само јагнешкото. За разлика од свинското, кое месарниците го набавуваат од домашно производство, јунешкото е претежно од увоз, па секоја недела има нова набавна цена, која е за 10 денари повисока. Освен месото, поскапени се и сувомесните производи.
Во моментов, еден килограм свинско прва категорија чини 330 денари, а претходно беше 290 денари за килограм, јунешкото од 390 е качено на 510 денари, а поскапени се и смесите за плескавици и за ќебапи по 20 до 30 денари за килограм.
Очекуваме ново зголемување на цените на месото поради зголемените трошоци на компаниите од кои набавуваме месо, велат од месарниците.
– Пред два месеца, цената на свинското се зголеми за 20 до 30 отсто, а очекуваме ново покачување откако ќе се одмрзнат цените. Луѓето се исплашени од цените, нема купувачи, многу е слабо. И оние што ни беа редовни муштерии, купуваат сè помалку. Ако порано купуваа по два-три килограми удина и еден килограм мелено месо, сега купуваат само по половина килограм. Сè повеќе има муштерии што бараат коски, ребра, кои се поевтини, само колку да имаат за еден ручек. Стандардот на луѓето е многу опаднат и тие се исплашени дали ќе имаат пари да си ги платат сметките, кои им се покачени. А и храната многу поскапи. Еве, цената на месото, само во последните два месеца, е зголемена за 20 до 30 отсто – вели за ВЕЧЕР сопственик на една скопска месарница.
Од месните индустрии уверуваат дека нема простор за недостиг на месо и на месни преработки, но цените со сигурност ќе одат нагоре.
извор: vecer.press