Компаниите кои добиле финансиска поддршка преку шестиот пакет мерки, а не го исполниле условот за претворање на поддршката во грант, треба да вратат 20 проценти од добиената поддршка доколку го задржале истиот број на вработени или 50 проценти од поддршката ако имаат намалување на бројот на вработени.
– Со ова известување се информираат сите компании, кои добиле финансиска поддршка преку шестиот пакет на мерки, а кои не го исполниле условот за претворање на финансиската поддршка во грант, со зголемување на бројот на вработени според ефективни работни часови за еден вработен, дека износите од 20 проценти од добиената поддршка за оние кои го задржале истиот број вработени, или 50 проценти од добиената поддршка за оние кои имаат намалување на бројот на вработени, треба да се изврши на следнава буџетска сметка:
Назив на примач: Буџет на Република Северна Македонија
Трансакциска сметка: 100000000063095
Трезорска сметка : 630010001963019
Приходно конто: 725939 програма 00
извор: zelenaberza.com.mk