Ова се нашите 6 совети кои ќе ви помогнат да бидете посреќни на работното место…
1. Не дозволувајте гневот да владее
Често луѓето стануваат огорчени поради очекувањата за кои претпоставуваат дека нивните колеги и менаџери ги имаат од нив, а всушност не е така. Ако нешто ви пречи, не го задржувајте тоа за себе, туку разговарајте. Што и да е во прашање, вреди да комуницирате и да се погрижите за вашите претпоставки на кои им дозволувате да ве мачат.
2. Не бидете злонамерни кон нешто, што можеби е грешка
Иако некој премногу погрешил, ставот дека всушност никој не е крив ќе придонесе вашата конверзација да биде подобра.
3. Не водете туѓи битки
Можеби ќе биде примамливо да се вклучите во туѓата работа, но на крајот можете да завршите со емоционален товар за битка која не е ваша. Тоа не значи дека не треба да сочувствувате со колегите кои имаат проблеми или дека не треба да се изјасните кога се во прашање сериозни проблеми на работа, но во рутинските жалби имајте на ум дека не ја знаете целата приказна и останете надвор од неа.
4. Користете ги своите бенефиции
Кога ќе помислите на бенефиции, веројатно мислите на здравствено осигурување или одмор. Меѓутоа, многу работодавци нудат разни други бенефиции, како на пример, фитнес членарина, бесплатни курсеви за странски јазици и сл. Многу вработени не знаат за ваквите бенефиции, па затоа не ги ни користат. Но, тие се подарок за вашиот труд и треба да ги користите ако на некој начин ви го подобруваат животот.
5. Заблагодарете им се на луѓето
Ако некој ви ја олеснил работата, или едноставно бил пријатен со вас, кажете му. Отворениот пристап кон колегите може да ги зајакне вашите односи на работа и да ја подобри вашата појава кај луѓето.
6. Треба да ја знаете вашата цел
Да, на вашата работа постојат фрустрации. Но пред да се фокусирате само на нив, обидете да се фокусирате на вашата цел. Ако знаете што е тоа што навистина ви значи, тоа може да ви помогне да останете фокусирани на она што најмногу ви значи.