Вработените во Лидл Србја ќе добијат поголеми плати. Платите ќе им се зголемат по започнувањето на новата деловна година – од 1 март.
За вработените на позицијата продавач во 57 -те продавници на Лидл , ова значи зголемување на платите од околу 10 %.
Од доаѓањето на Лидл во Србија, вработените во оваа компанија имаат конкурентни услови за работа. Споментатите зголемувања на платите, доаѓаат неазвисно од неодамнешните промени на минималната плата во Србија.
Покрај тоа, Лидл Србија е трговски ланец кој на вработените, пред да се вработат, им гарантира годишно зголемување на платите.
Ова трае се додека не направат четири години работно искуство на дадената позиција.
Лидл Србија на своите вработени им обезбедува и дополнителни бенефити, како што се приватно здравствено осигурување со вклучен систематски преглед. Ланецот на маркети им дава и подароци по повод важни датуми.
- Подароци за деца на школска возраст
- Подароци за деца за Нова година
- Картички за пазарување во Лидл по повод новогодишните празници и сл.
Поради бенефитите којшто ги нуди, ланецот на маркети е еден од најпосакуваните работодавачи во Србија.
извор: rabotnik.com.mk