Македонска компанија за здрава храна Виталиа продолжува со иновации и освојување на признанија. Нејзината најнова пробиотска линија овие денови освои призниане за иновативност на саемот ИСМ Келн 2022
“Кога креирате линија на производи според потребите на луѓето, кои го следат нивниот динамичен начин на живот, и им овозможуваат бројни функционалности, неминовни се позитивните реакции и прифаќање од консументите. Денес потрошувачите имаат комплексни барања, од производите очекуваат дополнителна вредност, и преферираат пробиотски производи кои обезбедуваат внатрешен баланс и добра дигестија” истакна нутриционистот Марија Арнаудова.
Иновативната пробиотска линија на Виталиаа се состои од два вида на производи: Пробиотски колачиња и Пробиотски овесни каши, кои се извор на протеин и растителни влакна, а притоа не содржат додадени шеќери. Оваа линија се карактеризира со повеќе од 3 милијарди пробиотици и 5 различни бактерии кои се исклучително добри за правилна работа на дигестивниот систем и целокупниот организам. За иновативниот пристап во производството и начинот на кој се направени овие производи, Виталиа го доби признанието за иновативност на овогодинешниот саем во Келн.
Дополнително, Виталиа се претстави на саемот и во Innovation Room, каде што ги истакна своите протеински кремови, кои се комбинација од здрава закуска и протеински намаз кој на консумерот му дава повеќе енергија за денот кој претстои, без додадени шеќери.
ВИТАЛИА ВРАБОТУВА во својот нов производствен погон
- кандидати со минимум ССС - платени патни трошоци и обезбедна храна
Новата пробиотска линија на Виталиа предизвика голем интерес на овогодинешниот саем во Келн, како меѓу дистрибутерите, големите ланци на супермаркети, посеттелите, така и кај германските медиуми, кои информираа за оваа македонска производна компанија. Медиумите во Германија информираа дека сегментот пробиотска храна сериозно се развива, а дека за тоа голем придонес има и Виталиа.