Бизнис конфедерацијата која ги застапува микро и малите претпријатија дојде со предлог ако веќе се прифати било кое зголемување на минималната плата до определено ниво, тоа да го поддржи Владата. Тие имаа две барања – едното е поддршка на 50 отсто на бруто зголемувањето или поддршка на нето платата која ќе биде зголемена. Владата останува на ставот дека се најде одржливо решение до кое ќе се дојде само преку консензус меѓу сите социјални партнери.
Синдикатите остануваат на нивните барања и на најавите за генерален штрајк. Тие вчера одржаа предупредувачки собир пред седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија, а за четврток на 10 февруари најавија собир пред Собранието кога на пленарна седница треба да се расправа за измените на Законот за минимална плата.
И додека течат преговорите за зголемување на минималната плата, во Собранието на дневен ред на пленарна седница на 10 февруари по скратена постапка е ставен предлог за измени на Законот за минимална плата со кој се бара минималната плата да биде 60 проценти од просечната плата.
извор: kanal5.com.mk

