Како што објави Државниот завод за статистика, поскапување има кај услугите за храна за 3,3 проценти, алкохолни пијалоци за 2,4 проценти, безалкохолни пијалоци за 0,9 проценти и ноќевањата за 0,3 проценти. Во споредба со јануари минатата година, има зголемување за 4,2 проценти.
Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2022 година, во споредба со декември 2021 година, пораснал за 2.4 отсто.
И претходниот извештај на ДЗС покажа дека во декември лани имало пораст на цените на угостителските услуги.
Во земјава имаше серија поскапувања поради покачување на цената на струјата.