Стабилизирање на времето од утре и потопло време најавуваат метеролозите.
Според информациите од УХМР утре само во северните делови се уште ќе има услови за краткотраен попладневен дожд, како и во петок во попладневните часови.
Максималните температури ќе достигнат до 36 степени, а утринските од 10 до 19 степени.