Синдикатот на УПОЗ бара да им се исплати регресот за 2020 година. Бара ли администрацијата „преку леб-погача“?
Државната администрација најавува тужби доколку не им биде исплатен К-15 за пандемската 2020 година. Според синдикатот, Министерот ветил дека со ребаланс на буџетот ќе бидат обезбедни средства за исплата на регрес за годишен одмор, но и дека ќе се покрене и
Синдикатот нема конретни бројки колку тужби се поднесени досега. Но, доколку не им се излезе во пресрет на барањето од 2023 година, тие најавуваат дека ќе ги охрабрат членовите да поднесуваат тужби во што поголем број.
Законски, но дали е етички?
Регресот за годишен одмор за 2020 и 2022 година е право кое на вработените во државната администрација им следува согласно колективен договор. Но, во Буџетот за 2022 година, не се предвидени средства за исплата на популарното К-15, а за 2020 година регресот воопшто не беше исплатен.
Државната администрација не само што за време на пандемијата не одеше на работа, туку и одмараше. Тие не правеа секојдневни трошоци за одење на работа и слично. Владата во април 2020 година донесе уредба со која за оние вработени во јавниот сектор кои беа ослободени од извршување на работа и работни задачи, беше предвидено неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година, да им се смета за искористен.
Па така, во март 2020 година со цел да се спречи ширење на вирусот, Владата донесе одлука административците да работат од дома. Дел од нив се вратија на работа во јуни, но голем број и понатаму беа ослободени од одење на работа, како бремените жени, хронично болни, како и родителите на деца до 10 години. Поради тоа, државните институции за време на пандемијата работеа со ротации на вработените и во смени.
Примената на мерките за заштита од коронавирусот за работата во турнуси, отсуствата поради вирусна зараза или изолација, предизвикаа големо влијание врз динамиката на работењето на администрацијата
извор: dw.com/mk