Со телефонско јавување на само еден број, 112, во најкраток можен рок граѓаните да може да ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или на противпожарната бригада
На официјалното пуштање на бројот за итни случаи, преку видеопорака се обрати и потпретседателот на бордот на Европската асоцијација за броеви за итни случаи (ЕЕНА), Младен Вратоњиќ, а резултатите и достигнувањата постигнати при спроведувањето на проектот во ЦУК ги презентираше тим лидерот на ЕУ-проектот, Габор Фришман.
Со пуштањето на употреба на бројот, кој овозможува со телефонско јавување на само еден број, 112, во најкраток можен рок граѓаните да може да ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или на противпожарната бригада, од каде било во државата, симболично се одбележува Европскиот ден, одреден од ЕУ за промоција на соодветно користење на бројот за итни случаи Е-112, користен ширум Европа.
Во центрите работат и оперативци обучени да примат повик и да воспостават комуникација и со лица со различни попречености, што е во согласност со врвниот принцип за поврзување меѓу луѓето на кои им е потребна итна помош со оперативните служби за пружање помош како највисок приоритет.