Со промената на цените на храната поскапувањето на струјата и горивата, живинарските фарми во Кичевско едвај преживуваат, а слична или иста е состојбата и со останатите живинарски фарми во земјава. Сопствениците се жалат дека се што се импутира во цената на нивниот производ е драстино зголемено во последните 6 – 8 месеци, додека јајцето има иста или слична цена како и претходно.
Последните неколку месеци зголемувањето на цените на храната, електричната струја и горивата, придонесоа да дојдеме на работ на опстанокот и се прашуваме уште колку време можеме да опстанеме ако во меѓувреме нашиот производ јајцето, не ја подигне продажната цена, вели, сопственик на една од најстарите живинарски фарми во Кичево.
Тој посочи и дека јајцето пред шест есеци се продавало за истите пари како денес, што се одразува врз намалувањњето на нивните приходи и ликвидност.
Ако состојбата продолжи да се влошува, а цената на производот остане иста, тогаш, најави Врапчески, ќе бидат приморани да стават катанец на фармаата или да работат без заработка.
Тој смета дека државата треба да ги заштити живинарите со одредени субвенции, за да можат притисокот на се повисоките цени полесно да гопребродат и да ја подобрат ликвидноста.
Слична беше реториката изминатите денови и на други сопственици на фарми. Сите се загрижени од неповолната коњуктура и растот на цените.
извор: denesen.mk