Додека државите во регионот преземаат конкретни мерки за да го стопираат растот на цените на горивата кои отидоа до плафон, нашата Влада сè уште не дискутирала на таа тема.
Земјите од регионот ги замрзнуваат цените на горивата. По Хрватска на ваков чекор, се одлучи и Србија, каде ваквата мерка ќе важи во следните 30 дена со можност за продолжување. Па така во следните 4 недели Србите за литар наточен дизел ќе плаќаат 1,52 евра а за бензинот 1,45 евра. Во Хрватска пак цената на евросупер чини 1,51 евро, а литар дизел 1,50 евра. Во соседството, горивото е најефтиново Албанија и Косово. Во Косово дизелот и бензинот чинат по 1 евро , додека во Албанија 95ката е 1,20 евра, а литар дизел е 1, 16 евра. За разлика од соседството, во МК цените на горивата постојано растат, а надлежните не превземаат ништо.
Од Регулаторна не сакаа да ја коментираат актуелната состојба, а од министерството за финансии не добивме одговор на прашањето дали државата ќе се откаже од некои приходи за да го запре поскапувањето на горивата и да ги заштити граѓаните од нови ценовни шокови.
Според последната одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензините поскапеа за денар и половина, а дизелот за 2 денари. Литар бензин се продава за 81, односно 83 денари. Цената на дизелот е 73,5 денари.
извор: sitel.com.mk