Врз основа на член 22 н 23 од Законот за работните односи (Службен весник на Р. М. бр. 167/2015, 27/201 6, 120/2018) и член 5, 7, 8 и 9 од Колективниот договор на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост Скопје, a во врска со Одлуката за потреба одзасновање на работен однос бр. 043695/1 од 09. 07. 2018 година
За потреба од засновање на работен однос во Дирекцијата на АД EЛЕМ Скопје, за извршување на работи на неопределено време. за следните работни места:
- 3 (три) извршители на работно место „Хигиеничар" во Службата за општи работи. во Сектор за правни и општи работи.
Кандидатите покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови: I степен, Основно училиште.
Паричниот износ на основната плата е 16. 988 денари;
- 1 (еден) извршител на работно место „Одговорен референт за кореспонденција и подготовка на тендерска документација за меѓународни тендери" во Службата за меѓународни процедури, следење Договори, финансирање и изработка на инвестициони анализи. во Оддел за инвестиции, во Сектор за развој и инвестиции.
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: VII степен, Филолошки факултетанглиски или германски јазик, Правен или Економски факултет, познавање на англиски или германски јазик, 1 година работно искуство.
Паричниот износ на основната плата е 35. 863 денари;
- 1 (еден) извршител на работно место „Одговорен референт за подготовка на договори од јавни набавки" во Службата за заеднички набавки. во Оддел за заеднички набавки, во Сектор за комерцијални работи.
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: VII степен. Правен факултет, 2 години работно искуство.
Паричниот изеос на основната плата е 38. 083 денари.
Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, a во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од
07:30- 08:00 до 15:30 - 16:00 часот.
Огласот трае три работни дена од денот на огласувањето.
Со пријавата (во која се наведува за кое работно место се конкурира), кандидатите да достават:
- Доказ за завршено образование (оригинал или копија заверена на нотар);
- Уверение за државјанство (копија);
- Доказ за работно искуство (листа од ПИОМ), за работното место на кое се бара;
- Доказ за познавање на англиски или германски јазик, за работното место на кое се бара;
- Кратка биографија на македонски јазик;
- Контакт телефон.
Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат во предвид при разгаедувањето. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот на пријавување.
Пријавата со потребните документи, од која се гледа дека кандидатот ги исполнува општите и посебните услови, да се достават на адреса:
АД Електрани на Македонија Скопје, Дирекција
ул. 11 Октомври, бр. 9, Скопје (со ознака „за јавен оглас")