На состанокот одржан онлајн, премиерот Олаф Шолц со премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија Хендирк Вирст и канцеларката на покраината Берлин Франциска Гифи, донесена е одлука укинувањео на мерките да оди етапно.
После состанокот се случила и прес конференција на која Шолц изјавил: „До почетокот на пролетта, повеќето ограничувања кои моментално важат во Германија ќе бидат вратени во три чекори“.
Според одлуката донесена од федералната влада и државните влади, широките ограничувања на општествениот, културниот и економскиот живот постепено ќе бидат укинати со почетокот на пролетта на 20 март.
Во првиот чекор, ограничувањата за контакт ќе бидат укинати за оние кои се вакцинирани и за оние кои прележале.
Контактните ограничувања за оние кои не се вакцинирани ќе продолжат до 19 март.Наведувајќи дека Германија е во подобра ситуација од соседните земји со мерките преземени за време на епидемијата, Шолц изјави дека веруваат дека го забележале врвот на бројот на заболени.
Во вториот чекор, од 4 март, во рестораните ќе можат да влезат вакцинираните, оздравените и оние кои направиле ПЦР или антигентски тест.
Вакцинираните и оздравените ќе можат да гледаат настани од големи размери како фудбалски натпревари со прикажување на негативен ковид-тест. Лицата кои примиле три дози од вакцината нема да бидат обврзани да се вакцинираат.
Настаните од затворен тип ќе може да примат 60 проценти од капацитетот или максимум 6 илјади луѓе во затворен простор и 75 проценти од капацитетот или максимум 25 илјади луѓе на отворено.
Во третиот и последен чекор, сите широки ограничувања ќе бидат укинати на 20 март.
Забележано е дека по 19 март, заштитните мерки на ниско ниво ќе продолжат да ја одржуваат епидемијата под контрола и да ги заштитат ризичните групи, вклучително и носење маски, растојание и хигиенски правила во затворени области, на места како автобуси и возови.
Здравствените работници треба да покажат дека се вакцинирани или оздравени.