До недела сончево и потопло, од понеделник дожд и снег

До недела сончево и потопло, од понеделник дожд и снег

17. 02. 2022.

Зимата уште не се предава!

В петок и во сабота ќе преовладува сончево време со повисоки дневни температури. Од недела облачноста ќе се зголеми, и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Пообилни врнежи се очекуваат во вторник претпладне, кога поради заладувањето, врнежите ќе бидат од снег и на некои повисоки места, а ќе дува и засилен северен ветер.

Минималните утрински температури ќе се спуштата до минус три, а максималните дневни ќе достигнат до 22 степена.