Денеска на пладне пред пратениците на собраниската Комисија за труд и социјална политика ќе се најде Предлог-законот за измени и дополнувања на минималната плата.
„СО ЧЛЕНОТ 4 СЕ УТВРДУВА ВИСИНАТА НА МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО БРУТО ИЗНОС ЗА МАРТ 2022 ГОДИНА ЗАКЛУЧНО СО ИСПЛАТАТА НА ПЛАТАТА ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ 2023 ГОДИНА ДА ИЗНЕСУВА 26.422 ДЕНАРИ И ОВОЈ ИЗНОС ЌЕ БИДЕ ОСНОВА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО МЕСЕЦ МАРТ 2023 ГОДИНА“.
Во нето-износ минималната плата ќе биде 18.000 денари и таа ќе важи една година.
Од предлог-законското решение се гледа дека за спроведување на овој закон до крајот на годината ќе бидат потребни 939.645.000 денари (15.230.000 евра) од Буџетот на државата. Притоа е објаснето дека за секој работник за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата, државата ќе дава по 1.197,00 денари.
„СО ЧЛЕН 4-Д Е ПРЕДВИДЕНО ЗА РАБОТНИКОТ ЗА КОЈ ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ ФИНАНСИСКА ПОМОШ, РАБОТОДАВАЧОТ ИСТИОТ ДА НЕ МОЖЕ ДА ГО ОТПУШТИ НАЈМАЛКУ 1 ГОДИНА ПО ДОБИВАЊЕ НА ПОМОШТА, А АКО ГО ОТПУШТИ ИМА ОБВРСКА ДА ГИ ВРАТИ СРЕДСТВАТА, ОСВЕН ВО СЛУЧАЈ НА СМРТ НА РАБОТНИКОТ, ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО НА ПЕНЗИЈА И ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС ПО ВИНА ИЛИ ВОЉА НА РАБОТНИКОТ“, ПИШУВА ВО ЗАКОНСКОТО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ.
Во законот е предвидена и нова методологија за усогласување на плати, според која усогласувањето ќе биде 50 отсто од минималната плата и ќе се индексира со порастот на просечно исплатената нето плата за претходната година и 50 проценти со порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика. Исто така е утврдено дека минималната плата не може да биде пониска од 57 проценти од просечната плата.
извор: vesnik.com