Пред нешто повеќе од еден век, хирурзите како и другите медицински работници носеле бели мантили, но таа практика се променила.
Еден британски лекар открил дека тоа им смета во работата. Беспрекорна белина под силна светлина може да го заслепи хирургот за време на операцијата, дури и на неколку минути. Сличен е ефектот што го има сонцето на очите кога сјае на снегот.
Поради тоа, се одлучило хирурзите да ја “променат” бојата на своите мантили. Но приказната не завршува тука. Јасно е зошто се откажале од носењето на бела боја, но зошто мантилите на хирурзите се бираат баш во зелена и сина боја?
Факт е дека сината и зелената боја се на спротивната страна од црвената боја, што им помага на хирурзите за време на операциите да се фокусираат на крвта. Ова го изострува нивниот вид.
Сето ова им помага на хирурзите полесно да ја забележат анатомијата, да се концентрираат на пациентот и нијансите на крвта, што во некои случаи може да биде важно за да се минимизираат грешките во операциите.